Не оставајте празно место, внесете како примерот.
Во денешно време кога сите информации ги добиваме онлајн потребно е да научиме како најдобро и најефективно да менаџираме со социјалните мрежи. Заради тоа, Креативната Станица создава social media team, во кој заеднички ќе ја креираме целосната стратегија за управување со социјалните мрежи. Голем акцент ќе ставиме на Creative Writing, бидејќи впечатливиот текст го дава самиот сјај на секој објавен пост. Сите оние креативци кои ќе се приклучат на тимот ќе имаат можност да го прошират своето знаење и вештини во светото на боите, фонтовите и графичкиот дизајн преку тоа што ќе се усовршат во изработувањето на постери.
Целта на овој тим е припрема, едукација и обука за водење на разни локални иницијативи во повеќе области вклучувајќи ја природата, животинскиот свет, што значи да си граѓанин, младински активизам и актуелната тема на здрав физички и ментален живот. Покрај тоа, со учество во овој тим младите ќе имаат можност директно да се развиваат во областа на јавно говерење, притоа развивајќи разни способности како менаџирање, планирање, комуникација и слично. Главен фокус ќе биде ставен на водење обуќи за планирање и водење локални настани и активности и процесот на пишување Еразмус проекти.
Тимот за Soft skills/Меки вештини се стреми кон осознавање и надоградување на веќе посточките, но и за градење на нови вештини. Меки вештини се различни однесувања кои ни пмагаат да работиме добро и да се дружиме со останатите, накратко тие се добри манири и особини потребни за да се согласуваме со останатите и да градиме позитивни односи. Тимот за Soft skills/Меки вештини ќе им обезбеди на младите да ги збогатат своите комуникациски вештини, да ја подобрат својата организација, да го истакнат своето лидерство и да се продлабочат во тимската работа и да ја очевидат нејзината моќ...Овие цели ќе се постигнат преку работилници, дебати,активности за градење тим, дискусии и презентации што ќе им помогнат на членовите на тимот да знаат повеќе едни за други,да се поврзат и да растат. Меките вештини не се само вештини тие можат да бидат начин на живот кој не подготвува за посветла иднина.